Информации

Локација

Резиденција Ана Плетварска

село Плетвар, Општина Прилеп

Високо на Плетвар, веднаш до магистралниот пат Прилеп–Градско. Изолирана локација во природа, со паркинг и зона за кампување на самата локација.

Како да дојдеш

Како да дојдеш

До Прилеп

🚌 Автобус

Редовни линии до Прилеп од сите поголеми градови.

Возен ред

🚂 Воз

Скопско-Битолска линија. Слези во Прилеп.

Возен ред

🚗 Со автомобил

На превојот Плетвар, на магистралата М-1 помеѓу Велес и Прилеп. Веднаш до патот.

Од Прилеп до локацијата

🚐 Организиран превоз од Прилеп

Шатл од центарот на Прилеп до локацијата. Местата се ограничени, резервирај однапред.

Резервирај место за превоз

Доколку доаѓаш со автомобил: паркингот на локација е ограничен, прв дојден, прв услужен.

Што да понесеш

Што да понесеш

  • Шатор и вреќа за спиење. Кампинг зоната е бесплатна.
  • Удобни патики, нешто топло за ноќта. Планина е.
  • Празно шише за вода. Има полнење на лице место.
  • Личен документ за прв влез.
  • СПФ крема, шапка и добра енергија.
Програма

Програма

ДЕН 01
ПЕТ · 14.08
Отворање
Бендови + клуб

indie · pop-rock · emo · noise · alt-rock · hyperpop

Drum & Bass · Tech-house · Techno · EDM

ДЕН 02
САБ · 15.08
Главно издание
Бендови + транс

alt-rock · garage · krautrock · noise

synthwave · darkwave · forestdelic · psytrance · dark forestdelic

Распоред по часови наскоро.

Често прашани

Често поставувани прашања

Возрасна граница?
Строго 18+. Малолетници не се примаат, без исклучок.
Може ли да донесам алкохол?
Не.
Дали смеам да донесам милениче?
За жал, без миленичиња оваа година.
Поврат на пари?
Билетите се непреносливи и без поврат, освен ако фестивалот биде откажан.
Што ако врне?
Фестивалот се одржува без разлика на временските услови. За секој случај, понеси наметка или чадор.

Билети

Купи билет