Прво издание · 14–16 август 2026

За фестивалот

„Најјакио Фестивал На Свето“ е дводневен мултимедијален фестивал кој за прв пат ќе се одржи во прилепското село Плетвар, од 14.08.2026 (петок) до раните утрински часови на 16.08.2026 (недела).

Фестивалот е спој на музика, природа и уметност. Простор каде што луѓето не доаѓаат само за концерт, туку за неколкудневна атмосфера исполнета со музика, дружба, кампување, визуелна уметност и различни креативни активности. Наменет е за публика која бара поавтентично, поинтимно и покреативно фестивалско искуство, надвор од класичниот комерцијален формат.

„Најјакио Фестивал На Свето“ е организиран од „Најјаката фирма на светот“ ДОО, правно лице основано за потребите на организацијата од Горазд Христовски и Никита Ристески. Финансиран е од приватни средства и индивидуални вложувања.

Историја

Како почна сè

Идејата е започната од Горазд (Ponder.mk) и Ангел (menza), цел живот на музичката сцена, опкружени со уметници, музичари и продуценти. Просто, животот го имаат посветено на музиката и уметноста.

Многу растревожени од медиокритетот на алтернативната сцена, одлучуваат да направат нешто поголемо. Нешто што ќе трае со денови и ќе има константни активности, каде ќе може да се направат нови познанства и да се измешаат културните групи.

Двајцата со големо искуство во организирање составуваат супер-тим од експерти во индустријата.

Настаните организирани од Пондер и Менза можете да ги најдете архивирани на нивните инстаграм профили:

Публика

Кој доаѓа

Камерен, community ориентиран настан. Видливост, директна интеракција и organic reach што не се купува со ад буџет.

    Иднина на фестивалот

    Долгорочен проект

    „Најјакио Фестивал На Свето“ не го гледаме како еднократен настан, туку како долгорочен проект со потенцијал за сериозен раст и развој.

    +300%

    проекција за раст на буџетот, капацитетот, продукцијата, тимот и содржините во изданието 2027.

      Главната цел на првото издание не е само организација на успешен фестивал, туку и создавање на стабилни, долгорочни и доверливи односи помеѓу организаторите, тимот, артистите, волонтерите и партнерските брендови. Веруваме дека најдобрите фестивали не се градат за една сезона, туку постепено, преку луѓе што веруваат во истата визија и растат заедно низ годините.

      Нашата цел е да изградиме одржлив фестивалски бренд кој ќе има реално влијание врз локалната музичка, уметничка и културна сцена.

      За спонзори

      Биди дел од приказната

      Немаме строго дефинирани барања. Отворени сме за различни модели на соработка. Еве што добиваш во замена.

        Форми на поддршка
        Тим

        Тимот

        Супер-тим од експерти во индустријата, со големо искуство во организирање настани.